Верифицирано Црковната општина „Свети Павле“ во Трир
За црквата
Црковната општина „Свети Павле“ во Трир е основана во август 2020 година и дејствува во рамките на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Духовната грижа за верниците ја извршува парохискиот свештеник протоереј Димче Ставревски тел. +49 1556 0552081. Богослужбите редовно се одржуваат секоја прва недела во месецот, како и за време на Божикните и Велигденските празници. Црковната слава е Свети Апостол Павле, која се прославува на 12 јули. За време на богослужбите храмот е отворен за верниците од 10:00 до 14:00 часот. Богослужбениот живот се одвива во Athanasius Kapelle, адреса:Platz der Menschenwürde, Trier Претседател на црковната општина е Злате Ковилоски. Во мај 2026 година, од 8 до 10 мај, Црковната општина „Свети Павле“ беше домаќин и организатор на годишното собрание на Европската епархија, кое беше успешно реализирано со учество на бројни гости и делегати. За дополнителни информации верниците можат да се обратат на е-пошта: svetipavletrier@gmail.com Донации за црквата Свети Павле – Триер Секој што сака да ја поддржи работата и одржувањето на црквата Свети Павле во Триер, може да донира на следната сметка: IBAN: DE35 5855 0130 0001 1253 35 Вашата поддршка е драгоцена и придонесува за зачувување и развој на црковната заедница. Ви благодариме од срце за секоја донација.
