Makedonski kulturen klub „11. Oktomvri“  Solingen — Здруженија Верифицирано
Здруженија · Здружение

Makedonski kulturen klub „11. Oktomvri“ Solingen

Solingen·Затвореноотвора 09:00

За здружението

Непрофитно здружение со седиште во Солинген

Нашиот клуб е непрофитно здружение со седиште во Солинген, основано во 1989 година со цел да ја зачува, негува и промовира македонската култура, традиција и идентитет во Германија. Во октомври 2024 година гордо одбележавме 35 години успешно постоење и работа. Преку организирање на културни настани, прослави, концерти и дружења, ги претставуваме македонската музика, фолклор, традиционалната кујна, македонското вино и обичаите пред германската јавност и припадниците на други националности. Нашиот клуб е место за средба, заедништво и меѓусебна поддршка. Покрај културните активности, им помагаме на нашите членови и сограѓани во различни секојдневни прашања, како што се пополнување документи, комуникација со институции и интеграција во општеството. Со нашата работа придонесуваме за подобро разбирање меѓу народите, за зачувување на македонските вредности и за градење силна и обединета заедница за сегашните и идните генерации.

Контакт лице: Миле Николоски

Локација

Се вчитува мапата…
Kirchplatz 14
42651 Solingen