SCHUFA Auskunft

Што е SCHUFA и зошто е важна во Германија

Од Редакција
··1 мин читање
SCHUFA Auskunft

Што е SCHUFA и зошто е важна во Германија?
Ако живееш во Германија, порано или подоцна ќе слушнеш за SCHUFA.
SCHUFA е приватна компанија која собира податоци за тоа како ги плаќаш сметките, кредитите, договорите и другите финансиски обврски.
Врз основа на тие податоци се пресметува т.н. SCHUFA Score – оценка за твојата финансиска доверливост.
Добрата SCHUFA може да помогне при: • изнајмување стан
• подигнување кредит
• купување автомобил на рати
• склучување договор за мобилен телефон
• отворање одредени банкарски сметки
Лошата SCHUFA може да доведе до: • одбивање на барање за стан
• поскапи кредити
• проблеми при склучување договори
• одбивање на финансирање
На SCHUFA оценката влијаат: • редовно плаќање на сметките
• кредити и рати
• бројот на отворени сметки и кредитни картички
• неплатени долгови и опомени
Важно: Многумина мислат дека SCHUFA следи колку заработуваш. Тоа не е точно. SCHUFA првенствено го следи твоето однесување во однос на плаќањето на финансиските обврски.
Еднаш годишно имаш право бесплатно да побараш увид во твоите податоци и да провериш дали информациите се точни.

Бесплатен извод од SCHUFA можете да добиете тука!
https://www.meineschufa.de/