Сите важни промени во Германија во 2026 година
2026 година носи значајни новини во Германија кои ќе влијаат на речиси сите – граѓани, странци, работници, семејства и пензионери. Од даноци и плати до транспорт и визи, ова е целосен преглед на најважните измени што треба да ги знаете.
🪖 Нов закон за воена служба
Од јануари 2026, машките германски државјани родени по 1 јануари 2008 ќе мора да пополнат прашалник за нивната подготвеност за воена служба. По тоа следува медицински преглед, но самото служење војска останува доброволно. Целта на државата е да го зголеми бројот на доброволци до 2035 година.
🏥 Социјално и здравствено осигурување
- Горната граница за здравствени придонеси: 5.812,20 € месечно
- Горната граница за пензиски придонеси: 8.450 € месечно
- Праг за приватно здравствено осигурување: 77.400 € годишно
- Просечниот дополнителен придонес за здравствено осигурување може да надмине 3%
👨👩👧 Социјални бенефиции и семејна поддршка
Детски додаток
Kindergeld се зголемува на 259 € месечно.
Додаток за семејства со ниски приходи
Максималниот Kinderzuschlag ќе изнесува 297 € месечно.
Итна детска помош
Sofortzuschlag се зголемува од 20 € на 25 €.
Даночна олеснителна сума
Kinderfreibetrag расте на 9.756 € по дете.
💼 Работа и плати
- Минималната плата расте на 13,90 € од јануари 2026
- Во 2027 ќе се зголеми дополнително на 14,60 €
- Minijob лимит: 603 € месечно
- Минимална плата за Blue Card: 50.700 € годишно
- За дефицитарни професии: 45.934 €
💶 Даночни промени
Германија воведува пакет даночни олеснувања за граѓаните:
- Основниот даночен праг се зголемува на 12.348 €
- Патни трошоци за работа: 38 центи по км од првиот километар
- ДДВ во ресторани се намалува на 7%
- ELSTER системот ќе ги пополнува автоматски даночните пријави
👴 Пензија
Пензиите ќе се зголемат за околу 3,7% од јули 2026. Дополнително се воведува нов систем „активна пензија“ кој дозволува лица над пензиска возраст да заработуваат до 2.000 € месечно без данок.
🚆 Транспорт
- Билетите за јавен превоз ќе поскапат во повеќе покраини
- Нов терминал на аеродром Франкфурт се отвора април 2026
- Авионскиот данок ќе се намали од јули 2026
- Осигурувањето за автомобили може да поскапи до 20%
🛍 Потрошувачи и услуги
- Се укинува доплатата за складирање гас → пониски сметки
- SCHUFA системот станува поедноставен и појасен
- Системот за резервација возови во ЕУ може да стане унифициран
- Robot taxis се планирани за германски градови